intelligence everywhere…

ЗА НАС

Гиза ко Електроника е авторизиран реселер на MOTOROLA – USA, овластен дистрибутер на CTE INTERNATIONAL – Italy, авторизиран дилер на Quail Digital – UK, како и авторизиран дилер на LAMBDA ANTENAS – Spain. Гиза ко Електроника во своето 31 годишно постоење оформи стручен тим кој изготвува комплетен инженеринг во областа на радиокомуникациите. Во својот специјализиран сервис кој располага со соодветна електронска опрема, инструменти и алат за мерење и сервисирање на уредите, врши сервисирање на радио комуникациската опрема и нуди комплетна техничка подршка. Со правилна деловна работа има реализирано многу комуникациски системи, кои представуваат посебен углед и реноме во областа на комуникациите како соодветна референца за квалитетот и сигурноста за услугите што ги нуди. Со својата професионалност и долгогодишно искуство ја доби довербата и ги оправда очекувањата на голем број корисници од областа на радиокомуникациите. Своето искуство во електрониката и следењето на светските достигнувања го искористивме за создавање на првото Македонско електрично возило, во кое електрониката е во целост наш производ.
Почитувани, Ви благодариме што покажавте интерес за нашата компанија.
Motorola Gold Partner