intelligence everywhere…
АЕРОДРОМ ТАВ СКОПЈЕ
Холдингот ТАВ Аеродроми работи со десет аеродроми на три континенти во Турција, Тунис, Латвија, Хрватска, Грузија, Саудиска Арабија и Северна Македонија. ТАВ го презеде оперативното раководење со Аеродромот во Скопје во 2010 година и ги има правата за раководење со скопскиот аеродром до март 2030 година. Скопје е сега поголем и со поголем број на летови од двата меѓународни аеродрома во Северна Македонија и беше награден со престижната награда за Квалитет на аеродромско работење во 2019 година; аеродромот, исто така, редовно се вбројува во Списокот на топ 10 светски аеродроми во Источна Европа на „Скајтракс“ (Skytrax). Скопје веќе опслужува над 2 милиони патници на годишно ниво и овој број се очекува само да порасне, при што „Виз Ер“ (Wizz Air) во моментов е број еден превозник.
РЕЗИМЕ НА КОРИСНИК
Организација
Аеродром ТАВ Скопје
Партнер
„Ерадио Нет С.Л.“ (Airadio Net S.L.)
Гиза Ко. Електроника
Индустрија
Авијација
Локација
Северна Македонија
ПРЕДИЗВИК
Аеродромот ТАВ Скопје сакаше да се надгради од застарениот аналоген транк систем за радио комуникација на „Моторола Солушнс“ (Motorola Solutions) со најновата дигитална технологија, за зголемена примена и опсег на канали,
подобрена функционалност и појасна, побрза, постабилна комуникација. Преминот од аналогно во дигитално треба да биде постепено, без загуби во работењето.
Локалната компанија за инженеринг на радио комуникација Гиза Ко. Електроника ги поддржува клиентите низ Македонија повеќе од 25 години и има блиски односи со партнерот на „Моторола Солушнс“ (Motorola Solutions), „Ерадио Нет С.Л.“ (Airadio Net S.L.) (оддел на „Американ Интернешнл Радио Инк.“ (American International Radio (AIR), Inc.) кој има силно присуство во регионот. Гиза има склучено договор за долгорочна соработка за одржување на инфраструктурата на аеродромот. Во текот на ова време, Гиза воспостави многу силно партнерство со Аеродромот во Скопје, засновано на доверба и долгогодишно искуство и познавање на неговата инфраструктура и потреби. Аеродромот во Скопје, исто така, го познава и му верува на брендот „Моторола Солушнс“ со оглед на тоа што компанијата беше услужлива и флексибилна во минатото; и така, и покрај големиот интерес на конкурентите, по детален преглед, аеродромот со задоволство ја прифати препораката на Гиза и „Ерадио“ за надградување со систем за радио комуникација со една местоположба MOTOTRBO Capacity Max (DMR Ниво III) кој е најдобар во класата и е долгорочно решение. Аеродромот во Скопје, исто така, сакаше да има транк систем за радио комуникација поради безбедноста што може да ја понуди, со слоеви на непотребно повторување и размена на гласовни пораки, размена на податоци и контрола на радио сообраќајот во рамките на IP мрежата, така што сите се шифрирани и сите радио станици се безбедно заверени.
РЕШЕНИЕ
Свесни за непосредната потреба за проширување на системот, „Моторола солушнс“ достави MOTOTRBO радио станици со однапред инсталирана табла со опции MPT1327 пред преминот. Овие можеа да се користат и кај постојниот аналоген транк систем и на новиот систем MOTOTRBO Capacity Max; и, кога новиот систем беше подготвен да се инсталира, „Ерадио“ го надгледуваше интегрирањето на системот, програмирањето и тестирањето во просториите на Гиза. Потоа, во блиска соработка, тие постепено ја развија новата конструкција, без загуби во работењето. Тие водеа тестови за прифаќање на целиот простор и обука, и, во име на одржливоста, деловите на аналогниот систем, кои сè уште се целосно оперативни, ќе се употребат на помалиот Аеродром ТАВ Охрид во југо-западна Македонија. Гиза го обезбедува тековното одржување за двата системи.
Новата инфраструктура вклучува сервер за системот Capacity Max и четири репетитори SLR 5500 со лиценци за предност на Capacity Max за да се даде функционалност над Стандардот на DMR Ниво III и Аеродромот во Скопје има свои тимови со околу 200 MOTOTRBO DP4801 дигитални преносни двонасочни радио станици и 50 MOTOTRBO DM4601 мобилни двонасочни радио станици. Capacity Max и софтверот за управување на радио комуникација MOTOTRBO му даваат на аеродромот Скопје централизиран преглед и контрола на радио сообраќајот, уреди и групи за разговор, од кои во моментов има 45 на аеродромот; овие вклучуваат менаџери на должност, дејствија на земја, дејствија при летање, главни раководители, чистачи, тимови за извлекување на авиони, угостителство, ВИП, обезбедување, услуги за итни случаи, технички оддел, карго, контрола на авиосообраќајот и тим за полнење гориво. Во моментов, 80% од комуникацијата е говорна и 20% преку размена на податоци.
Системот беше развиен заедно со Решението за контролна просторија SmartPTT PLUS, за централно испраќање на гласовна порака, за текстуални пораки, за раководење на возен парк, за аларм и за поединец-работник, за електронска пошта, белешки за работење, евидентирање на настани и снимање на комуникација. Аеродромот во Скопје е исто така, свесен за изборните карактеристики што софтверот може да ги понуди, како што се GPS следење и телефонско поврзување, што може да се развие во иднина.
ПРИДОБИВКИ
Аеродромот Скопје го удвои својот опсег на канали, и истовремено го одржи истиот број на репетитори и фреквенции. Ова обезбедува 100% успешна стапка на повик при прв обид, и покрај значителниот пораст во искористеноста на системот. Покриеноста на аеродромот се зголеми од 80% до 100% покриеност. Во меѓувреме, корисниците на радио станици, кои првично беа загрижени за промената, оттогаш силно го поддржаа подобреното и јасно аудио, стабилноста на системот, лесната употреба на радио станиците, вклучително и поставувањето на низа режими на повикување, продолжениот век на траење на батеријата и брзината на пренос на податоци. Менаџерскиот тим, исто така, има корист од дополнителната сигурност, издржливост, карактеристики и функционалност на Capacity Max на „Моторола Солушнс“, што им овозможува да испраќаат работни налози, да снимаат повици и да имаат пристап до целосна евиденција на комуникација и записи. Конечно, ова доведе до голема ефикасност и придобивки од продуктивноста и системот Capacity Max ќе продолжи да се развива и проширува, за да ги исполни растечките потреби на аеродромот во Скопје. Всушност, ТАВ исто така, може да земе предвид и да им дозволи на авиокомпаниите да пристапуваат кон мрежата во Скопје во иднина, додека се развиваат плановите за инсталирање на Capacity Max на друг аеродром во Северна Македонија.