intelligence everywhere…

EKO – THE FIRST ELECTRIC CAR

Неодамна по пристигнувањето на автомобилот на Tesla во Македонија кој е еден од повеќето електрични автомобили за кои ние истражувавме подолг временски период низ интернет, автомагазини, ТВ емисии и слично нашиот сон за ЕКО автомобил сакавме да се претвори во реалност. Со нашата желба исполнета со визија и нашето  годишно искуство во областа на електрониката и телекомуникациите во Македонија успеавме да го направиме првиот електричен автомобил во Македонија.

Како автомобил го избравме Fiat Cinquecento, одлуката за ваков автомобил е едноставна, мал градски и ефтин автомобил кој е одличен за секојдневни потреби како: потребата да се отиде до работното место и назад, да се пазари, на прошетка во парк и е идеален за потребите за еден брачен пар во градски услови на живеење. Силата на електричниот мотор и вградените батерии, овој автомобил може да постигне максимална брзина од 65 до 70 километри на час и воедно зависно од метежот во сообраќајот да издржи време траење на возење од 40 до 60 минути. За градски автомобил е сосема доволно со оглед на тоа дека ограничувањето на брзината е на 50 километри на час, а тие 50 километри на час овој ЕКО автомобил ги постигнува релативно брзо.

Во нашиот пример ја одбравме најефтината, економски најисплтлива опција за делови и опрема кои можеме да ги најдеме на нашиот пазар моментално, воедно и голем дел од деловите се од Македонско производство, зошто нели, ова е само еден наш експеримент кој се покажа како успешен.

Нашата компанија има отворени врати за соработка со повеќе производители за уредите кои се потребни за еден ЕКО автомобил и можеме да под полна пареа (струја :)) да продолжиме со конверзија на бензински/дизел возила во електрични.

DETALIS

Date

June 2015

Project type

Hobby

GALLERY