Гиза ко Електроника
е авторизиран дилер на MOTOROLA-USA, овластен дистрибутер на CTE INTERNATIONAL – Italy како и авторизиран дилер на LAMBDA ANTENAS - Spain. Гиза ко Електроника во своето 22 годишно постоење оформи стручен тим кој изготвува комплетен инженеринг во областа на радиокомуникациите. Во својот специјализиран сервис кој располага со соодветна електронска опрема т.е соодветни инструменти и алат за мерење и сервисирање на уредите, врши сервисирање на радио комуникациската опрема и нуди комплетна техничка подршка. Со правилна деловна работа има реализирано многу комуникациски системи, кои представуваат посебен углед и реноме во областа на комуникациите како соодветна референца за квалитетот и сигурноста за услугите што ги нуди. Со својата професионалност и долгогодишно искуство ја доби довербата и ги оправда очекувањата на голем број корисници од областа на радиокомуникациите. Своето искуство во електрониката и следењето на светските достигнувања го искористивме за создавање на првото Македонско електрично возило, во кое електрониката е во целост наш производ.


Со Почит
ГИЗА КО.ЕЛЕКТРОНИКА